Златко Перински е разрешен од функцијата в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер, соопшти Град Скопје.
Перински е разрешен во петокот, на 9 септември 2022 година.
-Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д, директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер.
Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година, стои во соопштението од Град Скопје.
Перински беше назначен за в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ на 28 декември 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велковски вели дека не е разрешен, си дал оставка оти бил разочаран од градоначалничката Арсовска
Каков имот пријавил Златко Перински, директорот на ЈП Водовод и канализација, кој е разрешен
Поради влијание во тендерска постапка разрешен и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски
Фото: Фејсбук/Перински