еМагазин
Image default
Македонија

Поради неговата здравствена состојба, одложено сведочењето на Марјан Стаменковски за „Талир„

Сведочењето на Марјан Стаменковски од „Доказ М” за случајот „Талир” судот одлучи да го одложи на следната судска расправа поради неговата здравствена состојба.

Ова судот го одлучи по неговото укажување дека може да не се сети на случувањата кои се случувале неколку години наназад, по што и адвокатите од одбраната побараа да биде одложено неговото сведочење на следна расправа.

Стаменковски требаше да сведочи во случајот „Талир”, кој се однесува на незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Првото рочиште за случајот „Талир” се одржа на 18 февруари 2019 година. Во случајот се обвинети Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 332 оздравени од Ковид-19

Редакција

На Нефрологија од Ковид-19 заболени 9 лекари, 8 медицински сестри, лаборант, психолог и 3 болничари

Редакција

(Фото) Фалсификувани еден милион евра пронајдени кај двајца Камерунци на скопскиот аеродром, детали од МВР

Редакција