еМагазин
Image default
Македонија

Поранешниот претседател на Уставен, Бранко Наумоски ќе гласа ЗА на престојниот референдум

„Следејќи ги дебатите, обраќањата и изјавите во медиумите на некои професори, политичари, аналитичари, стручњаци и други, не можев да се воздржам, а јавно да не проговорам и го изнесам мојот став како поранеше вршител на повеќе државно-јавни функции, по повод престојниот референдум.

Почитувани граѓани, немам дилема и гордо ќе излезам и ќе го дадам мојот глас ЗА“, пишува во соопштението до медиумите, Бранко Наумоски, прв народен правобранител и поранешен претседател на Уставниот суд на РМ.

„И јас како и повеќето граѓани не сум најсреќен со некои од одредбите на договорот со Грција, но имајќи ги предвид нашите маки и проблеми, економски, безбедносни и политички и други турбуленции, во изминатиов период од осамостојувањето до денес, најодговорно тврдам дека ова е единствено најоптимално и најрационално решение за иднината на нашата држава, а тоа се евро-атланските интеграции.

Во оваа прилика сакам да ги повикам сите оние манипулатори, дезинфоматори, квазиполитичари и квазипатриоти и разно разни стручњаци и квазианалитичари, кои од лукративни и клиентелистички побуди станаа политичари, аналитичари и стручњаци, да престанат да ги манипулираат и дезинформираат граѓаните со повик за бојкот, под превезот дека договорот е штетен и манипулантски. И еднаш барем, наместо за свои и туѓи интереси, нека направат нешто за нашата држава.

Почитувани граѓани, ова за мене е историски момент за државата, ајде да ги оставиме партиските книшки и чувства и сите да се сплотиме, да излеземе масовно и да гласаме ЗА, да гласаме за Европска Македонија и како генерација да обезбедиме услови за безбедна иднина на нашите идни генерации.

Убеден сум и сигурен дека, договорот обезбедува она за што сите тежнееме и го посакувавме веќе четврт век. Ние со векови сме биле, сме и ќе бидеме македонци. Ние сме зборувале, зборуваме и ќе зборуваме македонски јазик. Среќно“, стои во соопштението.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската државјанка која беше во карантин во Франција нема коронавирус и е вратена во Македонија

Редакција

(Фото) Во Косово уапсен Алил Демири, обвинет за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Редакција

Груевски на Фејсбук: „Прво влез во НАТО и ЕУ, а потоа корекција на штетата„

Редакција