Откако неговата партија Прогресивна Бугарија убедливо победи на предвремените парламентарни избори, освојувајќи 44,7% од гласовите, поранешниот претседател на Бугарија, Румен Радев, ќе може самостојно да формира влада.
Во последните пет години во земјата имаше дури осум вонредни парламентарни избори, а ниту една влада не опстои долго.
Според бугарските медиуми тој ќе освои околу 135 пратеници и ќе може сам да формира влада, што е прв таков случај од 1997 година.
Не е исклучена можноста тој да формира и коалициона влада со друга/ги партии.
Радев девет години беше претседател на земјата, а годинава во јануари поднесе оставка и ја формираше партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прогресивна Бугарија на Румен Радев победи на изборите во Бугарија
Бугарија никогаш не ставила вето, вели Радев
Фото: Кабинет на претседателката














