еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Португалија: Нема да брзаме со проширувањето на ЕУ, не е во ред да се обвинува Бугарија за попречување

Нема потреба да се брза да се предложат нови заклучоци на Советот на ЕУ за проширувањето, рече на вчерашната прес-конференција постојаниот претставник на Португалија во европските институции, амбасадорот Нуно Брито, пренесе БТА.

Тој рече дека не е правилно да се обвинува Бугарија за попречување на процесот и истакна дека оваа земја го поддржува проширувањето на ЕУ.

Амбасадорот посочи дека е неопходна едногласност при донесувањето одлуки во оваа област, а дискусиите за проширувањето продолжуваат на високо политичко ниво.

Тој рече дека Португалија има за цел да ги подобри односите со Африка за време на нејзиното водство на ЕУ. Според него, продолжува работата за изготвување на новите правила на ЕУ за миграција. Амбасадорот посочи дека мигрантите треба да можат легално да стигнат до ЕУ.

Брито рече дека од Португалија може да се очекува да ги продолжи напорите започнати под германското претседателство и поврзани со одобрување на новиот европски буџет, економското закрепнување од пандемијата, кохерентноста на акциите на ЕУ за контрола на инфекцијата.

Меѓу другите цели во Лисабон, тој ги наведе дигитализацијата и заштитата на животната средина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„24 Часа“: Бугарски државјанин по грешка вклучен на листата на повредени лица од несреќата на автобусот на „Беса транс“

Редакција

Конго-кримска хеморагична треска: Како се пренесува, кои се симптомите и како да се заштитите

Редакција

Детали од МВР за несреќата во која работник беше удрен на експресниот пат Штип-Кочани

Редакција