еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 52 пациенти, а вкупно се лекуваaт 345

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 52 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

“Вкупно 345 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 32 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализиран на Клиниката за Очни болести и на Клиниката за Гастроентерохепатологија.

На Клиниката за Неврологија биле примени 6 пациенти.

Петмина болни се примени на ТБЦ, четворица на Клиниката за Дерматологија и 8 на Нефрологија. Петмина болни биле хоспитализирани на ОРЛ.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 8 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекува 21 пациент, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 26 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 5 пациенти, а на ОРЛ 15 болни.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 19 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 102 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 94 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека вкупно 345 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.ви е намален и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 во Обвинителството за да заврши со поднесувањето кривични пријави против функционери и бизнисмени

Редакција

Убава вест: Оздравени 973 болни од Ковид-19

Редакција

Скандалот со прислушувањето се проширува: Покрај на Oбвинителство прислушувани телефоните и на Основен суд

Редакција