еМагазин
Image default
Локално

Поскапува такси превозот во Охрид

Повисоки цени и поквалитетна услуга во такси превозот во Охрид, ќе има со новата одлука на Советот на таа општина.

Според одлуката, од 1 мај, стартната цена ќе изнесува 50 денари, а за секој нареден километар по 35 денари во периодот од 5 до 23 часот и 45 денари од 23 до 5 часот наутро.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков најави дека проблемот со лиценцирани и нелициенцирани такси превозници ќе се решава со жолти таблици, кои треба да се заменуваат тековно.

– Цената е повеќе од пристојна со која се согласуваат сите. Инспекциски служби ќе си ја вршат својата работа и да овозможиме да бидеме достапни и пристапни. Ќе биде извршено и баждарење на таксиметрите, рече Пецаков.

На такси-постојката кај Поштата, како најкористена, посочи дека ќе биде обележан број, каде ќе можат да пријават туристите и граѓаните неправилности, доколку некој одбие да ги вози, ако не вози по таксиметар и слично.

Одлуката за зголемување на цените е на барање на такси превозниците, а подобрувањето на квалитетот на услугите е на барање на корисниците.

Досега возењето со такси во Охрид чинеше 50 денари прв километар, а секој нареден по 30 денари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откриени 43 мигранти од Бангладеш во камион кај село Ваксинце

Редакција

Македонскиот Дилинџер: Жител на Грчец специјализирал кражби во казина

Редакција

(Фото) Силен дожд со град предизвика поплави во Велес

Редакција