еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Постигнат цензус: Излезеноста на изборите во Штип до 18:30 часот е 34,3 отсто, во Пласница 39,54

На предвремените избори за градоначалник на Општина Штип до 18:30 часот гласале 14.328 избирачи, односно  34,30 проценти, а во Општина Пласница, гласале 1.959, или 39,54 проценти од избирачите со право на глас, соопшти вечерва Државната изборна комисија.

Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаа вкупно 41.177 гласачи, додека во Пласница 4.954.

Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можеа да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година.

На овие избори за градоначалник во општина Пласница избирачите од четири села може да гласаат на девет избирачки места.

Деталните информации во однос на излезеноста на гласање, како и резултатите во живо после завршувањето на гласањето можат да бидат следени на веб страницата www.lokalni2020.sec.mk.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Се запали Универзална сала, пожарот локализиран

Редакција

Влада: Ученичките и студентските домови ќе се користат како капацитети за сместување „против“ корона вирусот

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во декември лани

Редакција