еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Потпишан договорот со „Текнопанел“, компанијата инвестира 20 милиони евра и ќе отвори 120 вработувања

Инвестиција вредна 20 милиони евра која треба да отвори 120 работни места, вака денеска е најавен новиот производствен капацитет на турската високотехнолошка компанија „Текнопанел“ што ќе се гради во ТИРЗ Скопје 1.

Договорот за инвестицијата го потпишаа премиерот Димитар Ковачевски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски и Орхан Кахвеџи, сопственик и член на Управниот одбор на „Текнопанел“.

Како што беше речено, во новиот капацитет со површина од 54.000 метри квадратни, ќе се произведуваат најсовремени сендвич-панели.

Ова е прв капацитет на компанијата надвор од Турција и според инвестицискиот план, се очекува вкупниот извоз за десет години да надмине 170 милиони евра.

Производството во новиот капацитет на „Текнопанел“ ќе почне идната година, а просечната нето плата ќе биде 600 евра.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски оцени дека „Текнопанел“ нема да застане на овие 20 милиони евра и дека во наредните месеци ќе почнат разговори за проширување на инвестицијата.

Компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата од 500 водечки индустриски компании во земјата. Има четири фабрики во Турција во Мерсин, Измир, Сакарија и Истанбул.

Одлуката за инвестиција е донесена во јули минатата година, на средба во Истанбул меѓу директорот на ТИРЗ, Деспотовски и менаџментот на компанијата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На крај да не излезе дека Русија ни ставила вето, а не Бугарија, за старт на преговорите со ЕУ

Редакција

(Галерија) Лукаревска: Правилно постапив што го послушав татко ми и не станав актерка

Силвана Жежова

222 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот, 37 оздравени

Редакција