еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗНМ и Империал Тобако ТКС

Во текот на месец јуни ќе биде објавен конкурс за новинарски стории на тема: „Нелегална трговија со режан тутун во РСМ“. Можност за пријавување ќе имаат новинари од традиционалните и онлајн медиумите.

„Оваа тема е од висок јавен интерес, бидејќи е поврзана со повеќе суштински аспекти од здравјето на граѓаните, функционирањето на системот и економијата на државата и заслужува да биде поприсутна во јавноста и апсолвирана длабински и сеопфатно.

Веруваме дека овој проект на новинарските тимови ќе ги овозможи сите неопходни услови за изработка на квалитетни, аналитични и темелни новинарски производи, кои на јавноста ќе ѝ дадат појасна слика за механизмите кои ја стимулираат нелегалната трговија со режан тутун во земјава, а паралелно ќе поттикнат промени и ќе бидат коректив во општеството“, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Појавата на нелегалното производство и трговија со тутун претставува сериозна закана за сите учесници на легалниот пазар – од легалните производители, увозниците, дистрибутерите, малопродажните места, но има сериозни последици и по државата и нејзиниот буџет, поради одбегнувањето на акцизите и даноците.

Дополнително, за разлика од регистрираното производство, нелегалниот режан тутун не подлежи на никаква контрола, ниту во поглед на неговиот состав, потекло, стандарди на производство, складирање и останати параметри кои влијаат на неговиот квалитет.

Со цел, поефикасен пристап кон оваа проблематика, ЗНМ и Империал Тобако ТКС Скопје, потпишаа меморандум за соработка во кој се дефинирани принципите на соработката со што ќе се поддржи изработка на истражувачки стории на темата.

Од Империал Тобако ТКС потенцираат дека новинарите и медиумите се вистинскиот партнер за еден ваков проект, поради тоа што ја имаат моќта да влијаат на јавната свест за решавање на овој сериозен и сложен проблем, кој бара итно решение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патувачкото кино на Македокс ќе биде во Моноспитово, Босилово, Габрово

Редакција

(Видео) 30 години успешна приказна на Центро Унион и Favorit

Редакција

„Екотип“ на  Health, Fitness & Wellness Expo 2018

Редакција