еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Потпретседатлката на Европскиот парламент, Барли: ЕУ не ги исполни очекувањата и ветувањата за Македонија

Се согласувам дека ако сте дале ветувања, треба да ги одржите и ако сте ги подигнале очекувањата, треба да ги исполните. Во случајот со Сверна Македонија и Албанија, ЕУ не ги исполни очекувањата, ниту ветувањата, рече потпретседателката на Европскиот парламент, Катарина Барли на панел-дискусијата „Како да се врати проширувањето на ЕУ на вистинскиот пат? Да се даде приоритет на владеењето на правото и реформите во судството“ што се одржа онлајн.

Според Барли, новата методологија за преговорите е добар пристап. Потпретседателката на Европскиот парламент се согласи дека долгото чекањето на земјава пред вратата на ЕУ е фрустрирачки, но не само за неа, како што истакна, туку и за ЕУ.

Австриската министерка за ЕУ, Каролина Едштадлер, пак, изрази надеж дека по изборите во Бугарија процесот околу првата меѓувладина конференција ќе продолжи. Напомена и дека приближувањето на земјите од Западен Балкан и нивното членство во ЕУ се високо на агендата на Австрија.

„Прашање на кредибилитет за ЕУ, но и прашање на сигурност за Европа е да го доближиме Западен Балкан поблиску до ЕУ. Сите знаат дека за Австрија ова е високо на агендата.

Напорно работевме за да се одржи првата меѓувладина конференција за Северна Македонија и Албанија, но не беше возможно. Навистина се надеваме дека по изборите во Бугарија ќе продолжиме со процесот. Стоиме рамо до рамо со Северна Македонија и со Албанија,“ рече Едштадлер.

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров порача дека земјава е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ и дека е целосно посветена на изнаоѓањето излез од ќор-сокакот со Бугарија, особено по изборите во оваа земја.

Осврнувајќи се на нашиот евроинтеграциски процес, Димитров потсети дека поминаа две децении откако го потпишавме Договорот за стабилзиација и асоцијација, а 16 години сме земја кандидат.

Нашиот пат кон ЕУ, рече, најпрво беше автопат, потоа стана мал, а сега е многу ситен и како угорнина.

„Треба да бидеме директни и отворени. ЕУ има проблем со кредибилитетот. Од друга страна, регионот заостанува со испорака на реформите,“ истакна Димитров.

Тој потсети дека земјава паралелно додека „чека“ зелено светло за почеток на преговорите, се фокусира и на тоа да ја донесе Европа дома. Така, напомена, е наречена и реформската агенда што ја донесе Владата, а целта е не само да зборуваме за перспективите, туку и реално, во пракса да ги имплементираме европските стандарди.

„По процесот на вакцинација протв Ковид-19, ова прашање ќе биде приоритет,“ подвлече Димитров.

МИА/Фото: Photo by Guillaume Périgois on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската Комисија повторно препорача почеток на преговори со Македонија

Редакција

Португалија се надева на прва меѓувладина конференција со Скопје до јули

Редакција

Португалскиот министер за надворешни вели дека Закаријаш згрешила, не била лингвист

Редакција