Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници бр.11/2022 за долгови доспеани до 31.07.2022 и неплатени до 31.10.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници се објавени 1.652 должници – правни лица (помалку за 12 од претходната листа) и 3.209 физички лица (помалку за 21 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 7.889.882.213 денари, помалку за 250.403.801 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.683.872.776 денари, помалку за 276.319.143 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 206.009.437 денари (повеќе за 25,915,342 денари од претходната листа.
Целата листа ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ 10 најголеми должници на Листата на должници на УЈП