еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Повик за земјоделци за субвенции за одржување лозови насади

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување постоечки лозови насади.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

-Минималната површина под лозови насади е 0,2 хектари, а минималниот потребен број на садници е 1.389 сацници по хектар, за лозови насади подигнати до пролет 2022 година.

Висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар за сите лозови насади, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

МЗШВ ги потсетува земјоделците дека крајниот рок за поднесување апликации за субвенции е 30 јуни 2023.

Земјоделците  може да ги достават барањата секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб-страницата на Платежната агенција. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деца од семејства во социјален ризик ќе одат на седумдневен летен одмор

Редакција

Нема договор за минималната плата

Редакција

„Реално ли е зголемувањето на цените во маркетите?“: Инспекциите ќе излезат на терен

Редакција