На 01.08.2019 година околу 15,15 часот било пријавено дека во с.Бучинци-скопско избувнал пожар и горела поголема површина на сува трева, информира МВР.
Од пожарот биле зафатени околу 50-тина сандаци со пчели сопственост на Д.Р. (50) од с.Марино-скопско. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.