еМагазин
Image default
Локално

Изменет сообраќаен режим поради „Парада на гордоста“: Кои улици ќе бидат затворени

Улиците „Димитрије Чуповски“ и „Даме Груев“, како и дел од булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ во центарот на Скопје денеска ќе имаат изменет режим на сообраќај, поради одржување на „Парада на гордоста“ од 12 до 17 часот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец“, која започнува во 12:00 часот е по улица „Димитрије Чуповски“, свртување на улица „Даме Груев“ и булевар „ВМРО“ кон Владата на РСМ, па по булевар „Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17:00 часот, се вели во соопштението од МВР.

Од МВР, информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, кој ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска во Скопје втора ЛГБТИ парада на гордоста

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од МВР за трагичната смрт на работникот на зградата на ФФМ

Редакција

Ултра распродажба во Капитол мол од 30. август до 6. септември

Редакција

63-годишен прилепчанец загина при палење стрниште

Редакција