еМагазин
Македонија

Пратеникот Фадиљ Зендели од Беса, кандидат за градоначалник Гостивар

Актуелниот пратеник и потпретседател на политичката партија „Движење Беса“, Фадиљ Зендели ќе биде кандидат за градоначалник на Општина Гостивар. Тој беше единствен предлог на основачкото Собрание на гостиварскиот огранок, кое се одржа синоќа.

На една од точките од дневниот ред беше и избор на кандидат за градоначалник, по што членовите на Собранието едногласно го поддржаа предлогот, Зендели да биде кандидат за претстојните избори.

Тој во обраќањето по изборот најави дека ќе работи на организирање на членството и постигнување на добри изборни резултати.

– Целосно сум свесен за потребите и барањата на граѓаните и свесен сум за тие предизвиците. Но, без сомнение, на 17 октомври, имаме одлична можност заеднички да ѝ дадеме голем поттик на општината за побрз развој и да ја издигнеме. З

атоа, овие избори не се само прашање на изборна конкуренција, туку конфронтација на вредности и идеи, стратегии и проекти во подобрување на животот на сите нас што живееме во Општина Гостивар, рече Зендели.

Листата за кандидати за членови на општинскиот совет, ќе биде објавена на генералното Собрание кое според најавите треба да се одржи пред 11 септември.

Раководството на партијата откако претходно ги распушти ограноците низ земјава, донесе одлука за реорганизација и нивно активирање пред локалните избори.

На основачкото собрание, на кое присуствуваа претседателот Биљал Касами, министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа и заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани беа избрани раководните тела на огранокот. Нов претседател гостиварскиот огранок од синоќа е Арбен Адеми, директор на „Театар Гостивар“.

Кандидатурите за градоначалник на Гостивар досега ги официјализираа Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Рената Елези од ДПА. Според најавите на раководството на ДУИ, нивен кандидат ќе биде Невзат Бејта.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Кочо Анѓушев на тапет на Антикорупциска

Редакција

Денеска на „Криволак“ започнува најголемата воена вежба годинава, „Брз одговор 23“

Редакција

Вархеји: Опозицијата да докаже дека е посветена на членството на Македонија во ЕУ

Редакција