еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

„Прегратката е сериозна тема“:  Ново уметничко дело од познатиот црногорски сликар Милутин Обрадовиќ

Од ателјето на познатиот црногорски сликар Милутин Обрадовиќ, излезе ново уметничко дело „Прегратката е сериозна тема“.

Освен по уметноста, она по што овој уметник се разликува од другите, е тоа што на неговите дела дава специфични описи: „Патувањето на сите насмевки“, „Месечината е нејзин дом“, „Сите твои ситници“, „Фотографија на сите љубови“..

Во „Прегратката е сериозна тема“ се насетува мелахнолија, тага и болка, но и љубовта која надвиснува над нив. Прегратката всушност, затоа е и сериозна тема, во неа се збрани сите емоции кои како нишка се протнуваат низ четката на Обрадовиќ, но и низ длабочините на секој човек.

Последните неколку негови дела, навестуваат нов циклус, кој што се разликува од неговите претходни два, во кои, главно место заземаше коњот, за кој, Обрадовиќ ќе каже, дека е симбол на моќ и на слабост, ги носи и победниците и поразените.

Коњот како мотив, кој е во делата од циклусот „Обичен мал сон“ и „Загубени писма“ не е скроз исклучен во новото творештво. Низ делата, може да се наѕира обликот на главата на коњот, окото, девојката која владее со тој коњ.

Но коњот, го заменуваат некои други елементи, низ кои, најверојатно се гледа зреењето на авторот, низ неговата уметност. Промената на делата, и нивните создаватели е еден паралелен и испреплетен процес. Взаемно си влијаат низ тоа патување.

Автентичен, контроверзен, со изразен сензибилитет кој се огледа низ колоритит на делата, Обрадовиќ е еден од најнаградуваните уметници во Црна Гора, уметник чии што дела се едни од најпродаваните, но и подложни на плагијат.

Боите на сликите испреплетени како пајажина, деталите и целината кои ја чинат, само говорат за љубовта на овој сликар кон платното, четката и боите, но и неговата посветеност. Вели дека, сликарството го сака бидејќи е преполно со бои, а неговите слики го сведочат тоа.

И нему, како уметник му успеа, црногорските медиуми да пишуваат за уметноста толку често како што на пример ја третираат Карлеуша.

Темите за значењето на тоа што е уметност, колку треба да биде почитувана и вреднувана, колку државата треба да се грижи за истата, ги издигна на едно повисоко ниво, со цел да ја промени свеста на јавноста, и до некаде, во неговата држава, успеа во тоа.

Обрадови изложувал во голем број земји во регионот, но ја претставувал Црна Гора на биеналиња во светот.

Хуманитарец, кој  преку неговата Фондација, учествувал и организирал голем број на хуманитарни акции, за да им помогне на најранливите категории на граѓани.

Обрадовиќ дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на Цетиње.

Повеќе за уметноста на Обрадовиќ може да прочитате ОВДЕ.

Фото: Милутин Обрадовиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Его“ – нова песна и спот на Тамара Тодевска и Young Dadi

Редакција

Обвинителството ги гони Вељаноски, Јанакиески, Груевски и Ристоски како организатори за настаните од 27. април

Редакција

Доктор Беќаровски: Иселениците кои летово ќе си дојдат дома да се вакцинираат или барем да направат тест за Ковид-19

Редакција