еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прекршочна постапка за бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“, Тупанчевски и Министерството за правда

Телевизијата Телма објави дека Комисијата за заштита и спречување од дискриминација (КЗСД) поведе прекршочна постапка против Министерството за правда и против министерот за правда Никола Тупанчевски, затоа што не постапиле по нивните препораки од октомври лани и не извршиле надзор во бугарскиот клуб „Ванчо Мијхајлов“ во Битола, како надлежен орган за спроведување на Законот за здруженија.

Комисијата смета дека културниот клуб „Ванчо Михајлов“ нема согласност за употреба на името, поради што треба да биде поништена регистрацијата на ова здружение, но од Министерството за правда добила одговор дека надлежен орган е Централен регистар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Негаторски цитат за македонскиот народ во бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“, кој ги дискриминира и вознемирува Македонците

Комисијата поведе прекршочна постапка пред битолскиот Основен суд и против бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, затоа што не се испочитувани препораките за отстранување на сите спорни содржини во името, статутот и програмата, што предизвикуваат потешки форми на дискриминаци и вознемирување од страна на здружението кое го носи името на докажан соработник на фашистите.

Во одговорот од бугарскиот клуб се наведува дека мислењето на Комисијата е тенденциозно, а подносителот на претставката, битолскиот Сојуз на борци, „не понудил докази дека Ванчо Михајлов е фашист“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок, велат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Пропаганда со деца: Бугарска фондација престави ученици од Битола како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ е должен да ги отстрани спорни елементи во статутот и програмата

Фото: “Ванчо Михајлов“/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Орка холдинг купи акции во тетовски Жито полог

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во октомври

Редакција

Што Македонија веќе исполни од условите кои ги бара Бугарија, согласно Договорот за добрососедство

Редакција