еМагазин
Image default
Македонија

Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 300.000 евра

Во координирана полициска акција разбиена е организирана криминална група, со што е пресечен меѓународен транспорт за недозволена трговија со дрога, запленети се околу 100 килограми марихуана во вкупна вредност од 300.000 евра.

Како што информираат од МВР, полициската акција била спроведена во текот на завчерашниот ден од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во содејство со полициски службеници од ОВР Гостивар

Имено, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, во периодот до декември 2021, пријавените лица Е.М., Х.Ф., Е.И. и Б.П., од кои три се од Гостивар и едно од Дебар, на возраст од 30 до 47 години, набавиле марихуана, која ја сместиле во објект во гостиварско, а на 14 декември 2021 дел од неа, по претходен договор ја предале на еден од пријавените, кој со товарно возило за одреден паричен надомест требало да ја транспортира до Бугарија, соопшти портпаролката на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

Од МВР информираат дека завчера околу 17:15 часот, од страна на полициските службеници при ОСОСК на патарина „Глумово“, при преглед во товарното возило „Ман“ со приколка, со дебарски регистарски ознаки, биле пронајдени 19 црни вреќи, во кои биле сместени вкупно 189 пакувања со марихуана.

Истиот ден, врз основа на Наредба издадена од судија на претходна постапка при Основен кривичен суд – Скопје, извршени се претреси на неколку локации во Гостивар, при што се пронајдени поголем износ пари во различни валути и апоени и предмети за истражната постапка.

Од Основното јавно обвинителство пак, информираа дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против четирите лица, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. вели министерката Петровска

Редакција

Убава вест: 44 лица оздравени од коронавирусот во Македонија

Редакција

(Фото) Партијата „Десна“ објави наводно писмо од Палчо, во кое вели дека не киднапирал и убивал деца и старци

Редакција