еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска претпладне сончево и топло време, попладне нестабилно со дожд

Денеска претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Како што најави Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.

И во следните денови ќе се задржи променливо облачно и топло време, во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме кога поројниот дожд ќе биде проследен со силен ветер и појава на град.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Импотенција кај мажите: Како настанува и кои се главните причини?

Редакција

„Многуте лица на тироидната жлезда – Аларм за свест“: Не ги потценувај симптомите – #ПровериСеиТи 

Редакција

Над 40 степени до средината на наредната недела

Редакција