еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска претпладне сончево, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 24 степени.

Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и со услови за изолирана појава на град.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум до 10% од популацијата има одреден степен на хронична бубрежна болест, контролите важни за рано откривање на болеста

Редакција

(Видео) „Слободен печат“: Околу триста лица на погребот на Амди Бајрам

Редакција

Поклонението на гробот на Св.Кирил одложено за втората половина од годината

Редакција