еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претрес на онкологија, Обвинителството и МВР влегоа на Клиниката

По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на Министерството за внатрешни работи се преземаат дејствија во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачење со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело, информираат од Јавното обвинителство, во однос на акцијата што се одвива на Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи претходно за МИА ја потврдија акцијата и најавија дека ќе споделат повеќе информации, во координација со Обвинителството по завршување на акцијата.

Дел од медиумите објавија дека акцијата следува по објавата на информациите дека вработени во клиниката незаконски препродаваат лекови на пациенти.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија била државата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Македонија и Албанија, изјави Генчовска

Редакција

Повеќе од 1.000 текстилни работници од источниот регион добиле плата под минималната

Редакција

Постигнат е договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах

Редакција