еМагазин
Image default
Македонија

Бугарија била државата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Македонија и Албанија, изјави Генчовска

Бугарија е државата која најсилно ја поддржува европската интеграција на С Македонија и Албанија. Им посакуваме успех на патот по кој долго време сакаа да тргнат. Се надевам дека со заеднички напори и со нашата поддршка ќе стигнат онаму каде што граѓаните на С Македонија најмногу сакаат да стигнат, а тоа е членството во ЕУ, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска по потпишувањето на билатералниот протокол во Софија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази надеж дека од денеска се отвора ново поглајве во односите меѓу двете држави.

– За нас е историска можност што после 17 години кандидатски статус, С Македонија добива можност да ги почне преговорите уште задутре со ЕУ, со што почнува последната фаза од нашето пристапување во ЕУ.

Се надеваме дека билатералниот процес со Бугарија и пристапните преговори ќе овозможат поблиска соработка меѓу нашите две држави. Очекуваме поддршка од Бугарија на овој пат, изјави Османи по потпишувањето на Протоколот.

Двајцата министри оценија дека е постигнат напредок во работата на петте секториски групи и она што треба да се направи е тоа да се преточи во пракса.

Експертите од Министерството за надворешни работи на Бугарија продолжуваат да работат со експертските групи од Министерството за надворешни работи на Македонија.

– Се гледа дека сите кои беа вклучени максимално се вложиле за да има проекти, меморандуми со кои односите меѓу нашите две држави отвараат ново поглавје. Во сите сектори ќе се поврзуваат луѓето и институциите со цел соработката да биде поблиска, заснована на меѓусебна доверба, рече Османи.

Пред потпишувањето на Протоколот беше одржан вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија со која копретседаваа министрите Османи и Генчовска.

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера предлог-преговарачката рамка на француското претседателство со ЕУ беше одобрна од страна на Владата, по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание по Информацијата по овој документ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија не го признава македонскиот јазик, Протоколот е составен дел од „францускиот предлог“, вели Генчовска

(Видео) Потпишан протоколот меѓу Македонија и Бугарија

Османи не го објави Протокол кој денеска ќе го потпише, соопшти само детали

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој друг освен Пендаровски го осуди терорисистичкиот напад во Москва

Редакција

(ВИДЕО) Обвинетиот пратеник Љубен Арнаудов бара 50 евра за изјава

Редакција

Николовски за „еМагазин“ за патувањето во Дубаи: „Користев три дена за приватни потреби, сега сум овде“

Редакција