еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија не го признава македонскиот јазик, Протоколот е составен дел од „францускиот предлог“, вели Генчовска

„Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на С Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик.

Во контекст на преостанатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став.

Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка,“ изјави бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, одговарајќи на прашање дали Бугарија прави отстапки за јазикот со оглед дека целото законодавство на ЕУ ќе биде преведено на македонски јазик.

Важно е, додаде таа, дека ниту еден документ не може да се сфати како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, а тоа ќе биде јасно со едностраната декларација што ќе ја достави земјата до Брисел.

Одржувањето на состанокот на комисијата, според Генчовска, е важен момент од кои најважен резултат е Протоколот.

„Тој содржи исклучително амбициозни, краткорочни и долгорочни мерки чија цел е да решат многу од отворените прашања. Она што треба да се напомене е дека ова не е документ сам по себе, туку е составен дел од пакетот на т.н. француски предлог. Оттука натаму ќе продолжиме со работа на ниво на експерти со колегите од С Македонија“, рече Генчовска.

На прашање како Бугарија ќе гарантира дека С Македонија ќе го почитува протоколот, бугарската министерка посочи дека е важно што во него има конкретни рокови и што тој е поврзан со Преговарачката рамка.

На брифингот со медиумите, шефицата на бугарската дипломатија порача – дека отсега зависи само од С Македонија кога земјата ќе влезе во ЕУ и колку долго ќе се одолговлекува преговарачкиот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Потпишан протоколот меѓу Македонија и Бугарија

Малинка Ристевска Јорданова: Собранието усвои заклучоци во кои нема ни збор за промената на Уставот, Протоколот и едностраните изјави

Османи не го објави Протокол кој денеска ќе го потпише, соопшти само детали

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Опозицијата бара граѓаните кои се вакцинираа во Србија да се обесштетат, Филипче вети ќе го разгледал предлогот

Редакција

(Видео) Митко Јанчев: „Дај Боже да сме сите како Зоран Заев, државата ќе ни стане Швајцарија“

Редакција

Кој го уби докторот Ацо Трповски останува непознато, што е познато?

Редакција