еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи не го објави Протокол кој денеска ќе го потпише, соопшти само детали

Реципроцитетот е принципот на кој се заснова Протоколот, кој денеска ќе биде потпишан во Софија, каде заминува шефот на дипломатијата Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи утре оди за Софија каде ќе биде потпишан Протоколот со Бугарија

На состанокот, како што брифираа од МНР, на меѓувладината Комисија што ќе се одржи денеска во Софија ќе се усвојат точките од Протоколот меѓу Македонија и Бугарија.

Протоколот е всушност записник од средбата, во кој се прави пресек на тоа што е направено од минатиот состанок до денес. Содржината е различна, од онаа што ја објавуваа бугарските медиуми и е усогласена со францускиот предлог, а документот целосно ќе биде објавен денеска откако ќе го потпишат Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска.

Реципроцитетот, како што најавија дипломатски извори, ќе се почитува во сите сфери, но нема да се примени во однос на правата на Македонците во Бугарија, поради ограничувањата во бугарскиот Устав, кој не признава етнички заедници. Таму, како што посочуваат од МНР поради тие ограничувања, милион Турци се изјаснуваат како бугарски државјани.

Внесувањето на Бугарите во Уставот останува услов за отворање на поглавјата, а во Протоколот е наведено дека тоа ќе се реализира со формулацијата – припадници на други народи, каков што е бугарскиот народ.

-Првата фаза од почетокот на преговорите, почнува во вторник, на 19 јули, кога воедно се чита и отварачката изјава, потоа почнува процесот на скрининг, кој ќе трае година и пол, пред да се отворат поглавјата има уште една меѓувладина конференција, но претходно треба да се исполни условот околу измените на Уставот, што е всушност компромисот во овој пакет, брифираат дипломатски извори.

Протоколот се состои од неколку точки, од кои првата е преглед на постигнатото, односно преглед на политички дијалог, што подразбира колку средби имало од 2019 година, на ниво на премиери, на ниво на министри, итн., како и преглед на секторската соработка.

Во него се содржани и точките од пакетот, односно темата историја, рехабилитација на жртвите на репресијата од комунистичкиот режим, говор на омраза, права на бугарска заедница и почеток на преговори, како и прашањето за потпишување на договорот со Фронтекс.

За Фронтекс, како што велат дипломатски извори, тоа ќе биде првиот договор во историјата на Македонија со чист македонски јазик.

Во документот е предвидено и заедничко чествување на историски личности, но откако за тоа ќе се договорат членовите на истоирската комисија.

Работата на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, како што посочија дипломатски извори, не може да биде еднострано прекината. Какво решение и да има, истото мора да се прифати од двете страни, инаку обврската не може да биде еднострана. Таа нема да има рокови во работата, туку охрабрувања.

Според дипломатски извори историските и билатералните прашања не се одредници по кои ќе се оценува прогресот на патот кон ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Села и двајца пратеници на Беса не гласаа за заклучоците за „францускиот предлог“

Кој е Диме Велковски, пратеникот од СДСМ кој не гласаше за заклучоците за „францускиот предлог“

Малинка Ристевска-Јорданова: Пратениците Македонци беа надгласани, опасен преседан, подржан од ЕУ

Цела листа: Кои пратеници дадоа амин за „францускиот предлог“

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши расправата за уставните измени, власта не најде 80 пратеници, гласањето одложено

Редакција

Претседателката на Антикорупциска, Ивановска: Потребна е проактивност од другите институции кога се работи за предмети кои се од особен јавен интерес

Редакција

Македонија и официјално стана 30.членка на НАТО

Редакција