еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заврши расправата за уставните измени, власта не најде 80 пратеници, гласањето одложено

Собранието денеска во рамките на 123-тата седница ја заврши расправата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во Преамбулата на Уставот.

Последен за збор беше пријавен координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески по чие излагање претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека за продолжувањето пратениците ќе бидат дополнително информирани.

-Констатирам дека претресот е завршен. Тука ја прекинувам работата со оваа седница, а за продолжувањето ќе бидете дополнително известени, рече Џафери.

По прекинувањето на седницата се слушаа негодувања од пратениците од опозицијата кои при носењето на дневниот ред за седницата гласаа против.

За усвојување на точката на дневен ред е неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Тоа е првата од вкупно трите фази неопходни за промена на Уставот. При носењето на дневниот ред на седницата 70 пратеници гласаа „за“, а 47 беа „против“. Расправата согласно Деловникот на Собранието можеше да трае 10 работни дена.

Внесувањето на Бугарите во Уставот е услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија за полноправно членство во Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предлогот за уставни измени не треба да се поддржи, не смее патот за Брисел да води преку Софија, кажа во Собрание Силјановска Давкова

Уставните измени не загрозуваат ни едно македонско идентитетско прашање, предлогот е наш со поддршка од ЕУ и САД, кажа Ковачевски во Собрание

Не само ВМРО-ДПМНЕ и 80% од Македонците се против уставните измени: Денеска седница за усвојување на уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Се разгоруваат внатрепартиските избори во СДСМ, Заев објави снимки против Заев„: Твитер реакции за изборот на нов лидер на СДСМ

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 66.556 денари убедливо на врвот

Редакција

Градскиот стадион преименуван од „Филип Втори“ во „Тоше Проески“

Редакција