еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не само ВМРО-ДПМНЕ и 80% од Македонците се против уставните измени: Денеска седница за усвојување на уставните измени

Во македонското Собранието за денеска е закажано седница на која единствена точка на дневен ред е усвојување на уставни измени и вметнување на Бугарите и други пет етнички групи во Уставот на државата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е против уставните измени, како што велат од партијата под бугарски диктат, па власта како што е познато го нема потребното мнозинство од 80 пратеници за истите да бидат изгласани.

Токму вметнувањето на Бугарите во Уставот е потребно за да Македонија ги продолжи европските интеграции и да се одржи втората меѓувладина седница, што всушност ќе значи вистинско почнување на пристапните преговори со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот Уставот досега менуван 8 пати со 36 амандмански интервенци 

Не само ВМРО-ДПМНЕ и партиите кои се во коалиција со нејзе се против уставните измени. Бројни анкети покажаа дека мнозинството од граѓаните се исто така против, што е резултат на бугарската политика на понижување и навреди на Македонците и Македонија во изминативе неколку години, но и не признавањето на Македонците кои живеат во Бугарија.

Па така на пр. анализата на јавното мислење, изработена од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“ од пред неколку месеци покажува дека 65 отсто од граѓаните се против уставни промени со цел вметнување на нови малцинства, вклучувајќи го и бугарското малцинство.

Гледано по националности, анализата покажува дека 80 отсто од Македонците се против ваквите измени, а додека против се изјасниле и 32 отсто од испитаниците кои се Албанци.

Само 15 отсто од испитаниците Македонци рекле дека би ги поддржале овие измени.

Во зависност од партиската припадност, 59 отсто од симпатизерите на СДСМ се против вметнување на Бугарите во Уставот, додека 39 отсто од симпатизерите на СДСМ се за.

Против се 89 отсто од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, а 10 отсто се за.

Вкупно 69 отсто од граѓаните во анализата одговориле негативно на прашањето дали на патот кон ЕУ, Македонија треба да направи историска ревизија.

И не само тоа, исто така бројни анкети покажаа и дека граѓаните во земјава за најнепријателска земја ја сметаат Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драга Захариева, не е голема работа и да признаете дека во Бугарија живеат Македонци

Бугарија не признава само Македонци и Помаци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер го „подбра“ СЈО: „Катица тропала на капија во Шутка и викала отвори да излезат“

Редакција

Бизнисменот Владимир Тодоровиќ ќе сведочи во „Рекет”

Редакција

Инфлацијата во првите два месеци од годината е 7,1%, велат од Народна банка

Редакција