еМагазин
Image default
Македонија

Бизнисменот Владимир Тодоровиќ ќе сведочи во „Рекет”

Поранешниот градоначалник на Општина Центар и бизнисмен Владимир Тодоровиќ е денешниот сведок предложен од одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, кој треба да сведочи во судскиот предмет „Рекет”.

На последното рочиште свое сведочење имаше адвокатот Васил Димишков, брат на судијката од претходна постапка Весна Димишкова, што му одреди мерка притвор на Јордан Камчев, обвинет во случајот „Империја”.

Во своето излагање сведокот Димишков истакна дека Зоран Милески и Ана Камчева побарале од него да се приклучи во тимот адвокати во одбрана на Јордан Камчев. Но, по неколку дена откога размислил дека може да биде злоупотребен во понатамошната судска постапка, имајќи ја предвид позиција на неговата сестра, тој на Милески и Камчева им побарал поголема сума за адвокатска награда, „со намера да ги откачи“.

Судскиот предмет за случајот „Рекет” e во фаза на презентација на вербални докази од страна на одбраната.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намален бројот на пациенти и потрошувачката на кислород во штипскиот ковид центар

Редакција

Љупчо Николовски: Сам побарав смена од Министерството за земјоделство

Редакција

МПЦ против менување на името на црквата и на државата

Редакција