еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Предлогот за уставни измени не треба да се поддржи, не смее патот за Брисел да води преку Софија, кажа во Собрание Силјановска Давкова

Ние ќе гласиме по сопствено уверување. Крајно време е да покажеме дека сме пристојна европска држава, која сака на патот кон ЕУ да оди исто како сите сегашни членки на ЕУ, но и кандидатите зад нас. Не смее да има посебни критериуми и преседани за нас, оти тоа ќе се одрази и на следните кандидати, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, за време на собраниската седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во Преамбулата на Уставот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не само ВМРО-ДПМНЕ и 80% од Македонците се против уставните измени: Денеска седница за усвојување на уставните измени

Според Силјановска Давкова, овој предлог не треба да се поддржи, туку треба да се прашаат граѓаните на избори. Таа потенцираше дека оваа власт е целосно делигитимирана. Не смее, како што вели, патот за Брисел да води преку Софија.

Според неа, никогаш и никаде Преамбулата не била гаранција или место за промоција за етнички идентитети, туку таа е филозофија на Уставот.

– Што велат граѓаните, каде го добивме мандатот за оваа измена? Дали го истакнавте тоа на претходните избори? Членот 2 став 2 од Уставот вели дека суверенитетот извира и им припаѓа на граѓаните, не треба ли да ги прашаме граѓаните дали се за ваква измена.

Вие од Владата ги прифативте уставните измени и се согласивте да влезете во Преговарачката рамка преку протоколот, ама заборавивте дека не сте законодавен орган и дека не можете да преземате обврски наместо Собранието, рече Силјановска Давкова.

Според неа, она што се бара од нас е спротивно на европските вредности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија не признава само Македонци и Помаци

-Не сме против ЕУ, не сме против Бугарија, меѓутоа членот 8 од Лисабонскиот договор повикува на реципроцитет во меѓународните договори. Бугарија е потписник и ја ратификуваше Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. Бугарија има Совет за малцинства, а таму ги нема Македонците, рече Силјановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уставните измени не загрозуваат ни едно македонско идентитетско прашање, предлогот е наш со поддршка од ЕУ и САД, кажа Ковачевски во Собрание

МИА/Фото: Силјановска Давкова/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре постудено, со дожд и ветер, а на повисоките места и со снег

Редакција

Кои се најголемите акционери во Пекабеско

Редакција

„Македонско сценарио“ за упадот во РТС: Твитер го „подбра“ Вучиќ

Редакција