еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 66.556 денари убедливо на врвот

Државниот завод за статистика (ДЗС) вчера соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесувала 27.588 денари.

Податоците на ДЗС откриваат дека во Македонија има дејности каде просечната плата е за повеќе од два пати повисока отколку државниот просек.

Прва на листата пет највисоки просечни плати во земјава е дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде што во ноември просечната плата изнесувала 66.556 денари.

Потоа следуваат дејностите воздухопловен транспорт (49.144 денари), изнајмување и давање под закуп (46.790 денари), производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (46.607 денари) и финансиско-услужни дејности (43.231 денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На дното: Можат само да сонуваат просечна плата

Просечната плата во ноември 27.588 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Асанж може да биде екстрадиран во САД, британскиот Висок суд ја прифати жалбата на американската Влада

Редакција

За 48 часа пропадна една од најголемите банки во технолошкиот сектор на САД 

Редакција

Родителите секој ден треба да им мерат температура на децата: Што стои во протоколите за основните и средните училишта

Редакција