еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Асанж може да биде екстрадиран во САД, британскиот Висок суд ја прифати жалбата на американската Влада

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, може да биде екстрадиран во САД, откако британскиот Висок суд ја прифати жалбата на американската Влада, пренесуваат светските агенции.

Жалбата на американската Влада е поднесена за одлуката со која се одбива екстрадицијата на Асанж, а со новата судска одлука се отвара можноста за негово евентуално судење во САД по обвинение за шпионажа.

Конечната одлука за случајот на крајот може да ја донесе Врховниот суд, бидејќи страната која би изгубила би можела да поднесе жалба до највисоката судска инстанца.

Тој се бара во САД поради објавување на илјадници доверливи документи за американската војска за време на војните во Ирак и Авганистан во во 2010 и 2011 година.

Асанж е во притвор од април 2019 година, кога беше осуден на 50 недели затвор. Британските власти го извлекоа од Амбасадата на Еквадор откако му беше одземено државјанството.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 175 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кедра“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за набавка на парна турбина за РЕК Битола вреден милион евра

Редакција

Вкупно 241: 22 нови случаи на заболени со коронавирусот, 9 во Скопје

Редакција

36 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција