еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина легендарната Бранка Станковска

Легендарната спикерка во Македонската радиотелевизија Бранка Станковска почина денеска на 90-годишна возраст.

Информацијата на Фејсбук ја соопшти нејзината внука Ирина Костовска.

“Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука.

Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука, па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и се уште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите.

ТОЧНО Е 12.00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко“, напиша Костовска.

Станковска е родена во 1931 година во Скопје.

Во Македонската радиотелевизија работеше од 1948 до 1987 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работел за двајца претседатели: Кој е Стево Пендаровски, еден од можните кандидати за претседател на државата

Редакција

(Фото) Младите не го слушаат Филипче и не седат дома: Кога кафулињата рано ќе затворат, забавата продолжува во Градскиот парк

Редакција

“ОМО Илинден биле сепаратисти“: Радев лут на Пендаровски оти се сретнал со Македонците од Бугарија

Редакција