еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

На дното: Можат само да сонуваат просечна плата

Државниот завод за статистика (ДЗС) вчера соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесувала 27.588 денари.

Податоците на ДЗС откриваат дека во земјава има дејности каде вработените земаат плати кои се и за повеќе од 10.000 денари пониски отколку државниот просек.

Први на листата најниски просечни плати се вработените во заштитни и истражни дејности каде во ноември била исплатена просечна плата од 15.249 денари.

Потоа следуваат дејностите: производство на кожа и слични производи од кожа (16.644 денари), туристички агенции и туроператори (16.995 денари), подготовка на оброци и служење на храна (17.447 денари) и производство на облека (17.606 денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната плата во ноември 27.588 денари

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 66.556 денари убедливо на врвот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа нови шест пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега 334

Редакција

Нови 37 случаи на Ковид-19 од 4.264 тестирања, во Тетово 13, во Скопје 12

Редакција

Русија ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на Финска во НАТО

Редакција