еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен доаѓа во Македонија на крајот од месецов

Од дипломатските служби во Брисел за МИА потврдија дека претседателката на Европската комисија ќе ја посети и Северна Македонија до крајот на овој месец, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска од Стразбур најави дека до крајот на овој месец ќе го посети Западниот Балкан со цел да донесе силна порака на поддршка за приклучување на регионот кон Европската Унија.

За МИА од Европската комисија потврдуваат дека претседателката ќе ги посети сите шест земји од регионот вклучително и Северна Македонија.

Посетата ќе се одржи меѓу 28 и 30 септември.

Како што објаснуваат изворите на МИА, во Брисел посетата сѐ уште се подготвува и нема детали за програмата за сега.

Претседателката оваа посета ја организира една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи на почетокот на октомври во Брдо, Словенија и чија цел е да се потврди поддршката на ЕУ за регионот како што тоа беше случај со самитот во Софија, а потоа и во Загреб, под бугарско, односно хрватско претседателство.

– Овој самит ќе биде важна прилика не само да се потврди европската перспектива за Западен Балкан и нивната натамошна интеграција, туку и да се даде дополнителен поттик за имплементацијата на Економскиот и инвестициски план, кој е срцето на нашиот ангажман со регионот, изјавија за МИА од Европската комисија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меркел веќе не прекрсти во Северна Македонија

Редакција

(Видео) Кавадарци добива јавен градски и приградски превоз

Редакција

(Мапа) Во Куманово на 100 илјади жители, 272,6 заболени од коронавирусот, каква е состојбата по градови

Редакција