Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави дека сака да забрани граѓаните на таа држава да имаат орален секс, со образложение дека „устата е за јадење“.
Тој обвини „странски служби“ дека се обидуваат да ги убедат луѓето во Угада да имаат орален секс и издаде јавно предупредување.
– Дозволете ми да ја искористам оваа можност и јавно да ги предупредам нашите луѓе на некои лоши пракси во кои се впуштаат и кои ги промовираат странци. Една од нив е тоа што го нарекуваат орален секс. Устата е за јадење, не е за секс, истакна Мусевени.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.