Претседателот Стево Пендаровски упати апел до сите организатори на протестите, кои овие денови се одвиваат во Македонија, да преземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство.
Истовремено, како што е наведено во соопштението од неговиот Кабинет, најостро го осудува носењето и користењето на огнено оружје од цивили и граѓани на земјава, кои не се припадници на органите за безбедност.
-Неприфатливо е користење на насилство и поттикнување насилство во политички цели. Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори, бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани, истакнува Пендаровски.
Вчера полицијата, како што вели претседателот Пендаровски, имаше навремена реакција која спречи поголеми судири.
– Очекувам сите лица кои вчера беа инволвирани во инцидентот да бидат приведени и соодветно санкционирани во најкус можен рок, нагласува Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Цела снимка од инцидентот кај Скендербег
Фото: Кабинет на претседателот