На 20.10.2020 во 11.35 часот било пријавено дека во Скопје, на раскрсницата од ул.„„Крушевска Република“ и бул.„Кузман Јосифоски Питу“, патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Скопје, удрило во пешакот Е.Б.(59) од Прилеп, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Е.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.