Полициската станица Дебар до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.Р.(36) и Р.Р.(59), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материи“, информира МВР.
На 21.06.2019 година полициски службеници извршиле претрес во нивна штала во селото Шулан, при што пронашле и одзеле три рачни бомби со две запалки, рамки за автоматска пушка, куршуми калибар 7,62 милиметри и други предмети.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е изречена мерка притвор.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.