еМагазин
Image default
Локално

Девојка со нож нападнала соученик во средно училиште во Струга

Ученичка во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга со нож нападнала соученик во дворот на училиштето, соопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира дека настанот се случил вчера околу 9 часот.

– А. М. (19) од струшкото село Долно Татеши, ученичка во училиштето „Нико Нестор“ со остар предмет го нападнала соученикот Е. К. (19) од Струга.

Таа е повикана на разговор во полициската станица и по целосно расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријавa, изјави Димоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанка измамена преку Фејсбук: Платила над 8.000 евра за да добие 850.000 евра од повреден војник во Авганистан

Редакција

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Росоман

Редакција

(Видео) Како изгледа Охрид во новогодишно руво

Редакција