еМагазин
Image default
Локално

Притворени татко и син од Тетово: Од „БМВ“ сакале да продадат 9,5 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против татко и син, за кои постои основано сомнение дека извршиле кривичното дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Осомничениот 53-годишен жител на Тетово и неговиот 27-годишен син како соизвршители заради продажба држеле 9.450  грама наркотична дрога марихуана.

На 30 август, позади бензинска пумпа во Тетово, осомничените го паркирале нивното патничко моторно возило марка „БМВ“ со цел да вршат продажба на дрогата. Полициски службеници од СВР Тетово, го забележале  возилото и дрогата во него, па веднаш го заплениле“, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценел дека има потреба од обезбедување на присуство на осомничените за непречено водење на истражната постапка, па од тие причини до судијата на претходна постапка во Основниот суд Тетово достави предлог за определување на мерката притвор.

Судот на двајцата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден стружанец по удар од глисер во езерските води кај „Машка плажа“

Редакција

28-годишен скопјанец во Ново Лисиче ја убил баба му

Редакција

Настрадал обидувајќи се да раздели соученици кои се тепале со метални шипки

Редакција