еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приватните автобуси на „Слобода превоз“ утре нема да сообраќаат поради долг од ЈСП „Скопје“

Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, утре нема да сообраќаат поради тоа што ЈСП „Скопје“, односно Град Скопје не го исплатила долгот кон компанијата.

Сопственикот  на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски изјави дека доколку не се оствари средба со претставници на Град Скопје и градското претпријатие ќе има протести, а ако и натаму нема резултат, приватните превозници најавуваат штрајк.

-Во опција е и поднесување претставка до Антикорупциската комисија, а можеби и тужба на адреса на директорот на ЈСП за злоупотреба на службена должност, затоа што парите наменети за нас се пренасочуваат на друга страна, изјави Јовановски.

Пред еден месец автобусите на ЈСП „Скопје“ не возеа еден ден кога вработените стапија во колективен штрајк зашто немаа земено плата. Потоа, поради долг кој не можеше да го наплати од ЈСП односно од Град Скопје, престанаа да сообраќаат автобусите на приватниот превозник „Макекспрес“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Хамас објавија ново видео со три жени заложнички од Израел

Редакција

Вицепремиерката Грковска повика Османи да каже дали Бесмира Ејупи е вработена во МНР

Редакција

Твитер во „црвено“ за казната од 45 евра за возачот кој со „бентли“ влета на скопскиот плоштад

Редакција