еМагазин
Image default
Локално

Приведен Азербејџанец баран од Интерпол

Денеска (15.02.2021) во 11.50 часот во Скопје полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за меѓународни потраги го приведоа Б.А. (47) од Азербејџан, по распишана меѓународна потерница од Интерпол Баку, Азербејџан, кој се барал за издржување на казна затвор во времетраење од 12 години, информира МВР.

„Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со активностите за приведување на бегалците од правдата на територијата на Република Северна Македонија, но и надвор од неа во соработка со Интерпол и полициите на другите држави“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претреси во Сарај, приведени разбојници што краделе од банкомати

Редакција

(Галерија) Прилеп во новогодишно руво

Редакција

(Фото) Во пожар изгоре поголем дел од трговскиот центар „Глобал“ во Струмица

Редакција