еМагазин
Image default
Локално

Приведен тетовецот кој запали возила на ЕВН

На 14.08.2020 во 01.20 часот на ул. „Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.О.(43) од Тетово, поради сомнение дека во периодот од  00.40 до 01.10 часот на ул. „Иво Рибар Лола“ во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, и патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле, информира МВР.

Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „голф“, со тетовски регистарски ознаки.  Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.

К.О. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Запалени две возила на ЕВН во Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајката на автопатот Неготино – Демир Капија загина 62- годишна жена од Германија

Редакција

Регистриран земјотрес на подрачјето Пехчево-Кресна

Редакција

Триесет дена притвор за осоминичениот за убиството во Кавадарци

Редакција