еМагазин
Image default
Бизнис

Призма: Ист газда со две фирми увезува јаглен за РЕК Битола

Призма објави дека две од трите фирми со кои државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) склучила договори за набавка на јаглен имаат ист човек во сопственичката структура, 45-годишниот тетовец Аљибер Ибраими.

Податоците што ги добиле Призма од Централниот регистар покажуваат дека првата фирма, со име Куантум Солушнс, му е регистрирана на денот кога ЕСМ го распишала јавниот повик за набавка на јаглен, на 31 март годинава.

-Тој, до минатата недела, беше нејзин единствен сопственик и управител, кога во сопствеништвото на фирмата влегол Лазар Кимов, пишува порталот.

Втората, пак, Енергија Икс ја поседува заедно со бизнис-партнерка од Скопје, 44-годишната Ана Христовска, а почнала со работа на 5 мај, кога повикот веќе течел. И двете се микро-компании и се регистрирани за трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Музичарите и угостителите пред Владата поставија импровизиран ноќен клуб

Редакција

Скијачката сезона на Попова Шапка се очекува да почне деновиве

Редакција

Во април раст на годишна основа на депозитите и на кредитите

Редакција