еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Музичарите и угостителите пред Владата поставија импровизиран ноќен клуб

Под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“ музичарите и угостителите денеска протестираат пред зградата на Владата откако беа донесени мерки со кои се забранува гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти, се ограничува јачината на музиката до 55 децибели и се намалува бројот на лица кои може да седат на една маса од 12 на 4.

Пред Владата тие поставија импровизиран ноќен клуб и побараа средба со надлежните. Тие велат дека не се задоволни од одлуките на Владата. Бараат таа да изработи нови протоколи за нивниот сектор, кој, како што рекоа, е сериозно погоден поради корона-кризата и му се заканува финансиски колапс.

Угостителите сметаат дека новите ограничувања нема да го намалат бројот на заболени. И велат дека поради некои кои не ги почитуваат протоколите и мерките за работа во услови на пандемија, не смее да бидат казнети сите.

Кога ги образложуваа мерките од Владата посочија дека тие се преземаат врз основа на епидемиолошките анкети, чии податоци укажувале оти масовните собири со непочитување на протоколите се една од главните причини за зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19.

Во прилог на тоа го посочија и податокот дека најголемо зголемување има кај популацијата од 20 до 30 години, а потоа и кај возрасната група од 30 до 40 години.

Владата го прифатила и укажувањето на Комисијата за заразни болести за потребата од преземање ригорозни мерки од надлежните институции во случај на прекршување на забраната. На владината седница инспекциксите служби добија овластувањa да затворат локал од 10-до 30 дена доколку се прекршуваат Ковид- протоколите.

МИА/Фото/видео: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов треба да се донесе одлука за штрајкот во училиштата и градинките, дијалогот продолжува

Редакција

Русите тврдат дека го зазеле Мариупол, Путин наредил блокада на фабриката Азовстал во која се “националистите и странските платеници“

Редакција

Тие што ги пријавуваа кражбите на Онкологија, многу тешко поминуваа, сведочеше поранешната директорка Црвенкоска

Редакција