еМагазин
Image default
Балкан

Продолжува „хаосот“ на граничниот премин Евзони

Новите мерки што се воведени од грчките надлежни органи за превенција од Ковид-19, а се однесуваат на транспортерите од двете страни, ќе важат и викендов.

Поточно, најмалку до понеделник, кога се очекува одговор од грчката страна на вчерашните барања од нивните камионџии за симнување на мерките и нормализирање на транспортниот сообраќај ,ни потврди утрово Лефтер Андонов, генерален секретар на АМЕРИТ.

Вчера писмено реагирале и нашите надлежни органи по што, велат од АМЕРИТ, дека ќе почекаат до понеделник да стигне одговорот од грчките надлежни органи, па потоа ќе донесат решение за понатамошни чекори доколку биде неопходно.

До тогаш, транспортниот сообраќаен режим за излез и влез во земјава на граничните премини Богородица и Евзони продолжува да се одвива со примена на заштитните мерки од Ковид-19 на грчката страна.

Во Грција ќе влегуваат само возачите на камиони со негативен резултат од брзите бесплатни ПЦР тестови, а ГП Евзони и понатаму е отворен за влез и излез од Грција од 7 до 19 часот.

Моментно, поради актуелната ситуација, низ премините Богородица и Евзони минуваат помалку и претежно празни камиони, чиј број е многу намален, а натоварените со роба, вели Андонов, се принудени да минуваат повеќе километри преку Бугарија и да влегуваат во Грција преку ГП Промахонас, каде нема никакви ограничувања за возачите.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За обнова на разурнатите градови во Хрватска досега собрани 1,5 милијарда евра

Редакција

Бугарската министерка Генчовска ќе поднесе оставка, оти Петков зборувал со европски дипломати за тргање на ветото

Редакција

(Видео) Две жени загинаа, 11 туристи се во болница откако се урна пешачки мост во Овчар Бања кај Чачак

Редакција