еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за актерката Силвија Стојановска

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ, обвинети за производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Според обвинението, Стојановска и Будисавјевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

-Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грама.

Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа, информира Обвинителството.

Обвинетите меѓусебно комуницирале со користење енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки.

Двајцата беа приведени на крајот на декември минатата година. Стојановска е неколку месеци во куќен притвор, а Будисављевиќ во притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Актерката Силвија Стојановска и првообвинетиот Будисављевиќ не се чувствуваат виновни за шверц на кокаин

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судската постапка тапка во место: По петти пат почнува од почеток судењето за „Тендери“, во кој е обвинета Елизабета Канческа Милевска

Редакција

Нови 687 случаи на Ковид-19 од 3.050 тестирања

Редакција

Докторите кои ја извршија трансплантацијата на срцето: Oва е круна во државната кардиохирургија

Редакција