еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за насилствата пред Општина Центар

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Претходното рочиште на 17 август, судењето беше одложено поради промена на адвокатот на еден од обвинетите, кој побара судот да оствари простор да се запознае со предметот.

Процесот го води судијата Душан Јосифов, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Адвокатите на обвинетиот Миле Јанакиески, на почетокот на неделата во отворено писмо до јавноста, информриаа дека случајот влегува во завршна фаза и повикаа рочиштата да бидат набљудувани од преставници на невладините организации, медиумите и меѓународниот фактор.

– Основна цел на оваа наша замолница е непосредно да бидете информирани од можеби и најважните рочишта за овој предмет, на кое многу детално ќе биде образложена одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески како и суштествените повреди кои се направени во досегашниот тек на постапката, се вели во писмото потпишано од адвокатите Еленко Миланов и Димитар Дангов.

Во овој предмет инициран од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), што сега се води од скопското Обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментално во бегство во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белгија смета дека Македонија покажа волја за реформи за влез во ЕУ

Редакција

Македонија на 34 место според новозаразени од Ковид-19 во Европа

Редакција

Фросина Ременски утре треба да даде исказ за „Рекет“

Редакција