еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за несреќата кај Ласкарци

Одбраната на обвинетите за случајот „Ласкарци”, на денешното рочиште ќе има можност да постави прашања на градежниот вештак.

Обвинителот кој го застапува обвинението за овој предмет Дарко Јакимовски, за МИА објаснува дека ако се успее да се заврши сослушувањето на вештакот, Обвинителството ќе продолжи со презентација на материјални докази.

Судењето за овој предмет го води судечкиот совет на чело со судијката Диана Груевска – Илиевска.

Во тешката сообраќајна несреќа која се случи лани на 13 февруари животот го загубија 16 лица, а 37 беа повредени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

УЈИЕ: Анкетата од студенти за барање сексуални услуги од наши професори нема релевантни докази

Редакција

Иселениците ќе можат побрзо да добиваат извод од матично

Редакција