еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“, ќе се изведуваат материјални докази

Со изведување материјални докази, во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во врска со изборни нерегуларности.

Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела 66 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Јован Митрески ќе биде претседател на Собранието, на местото на Џафери

Редакција

(Галерија) Реновирани операционите сали на одделението за ортопедија на клиниката за ТОАРИЛУЦ

Редакција